Да ви кажа право, фоф Берово и пошироко ме знаат като ногу јак шофер. И нема шо сам да си се фала ама стварно си ме бива, поарен шофер нема никаде од мене и нема ни да се роди. Фоф мое век се сам видел и ногу сам прекарал ама има некуи теквиа шоферски ситуации фоф куи стварно тешко да се снајде човек, тека оти мене ногу си ме бива, де, та си измакнувах гашчите без проблем.
Ја на пример гледам некуи демек јаки коли имаа, оддека да ги знам џермански, јапонски ги викаа, јас не сам ни видел теквиа, закачаа се која е побрза и појака, па се тркаа, а не знаат оти јас сос мојто џезве ”Фичото” југословенско, че ги претица и двете од лево. Абе ако нема место од лево и од десно че и претица.
Порано немаше кола на Обозна која можеше да ме претица навдолното. Цели 30 години го имам Фичото и ошче кола не ме е претицала навдолното, бацна и една цигла на гаста и гледам оџин и пламен од ансплуго фрла, нема шо погоди ми се и ногу ми прави чефо.
Туку еднаш, еден сос еден москвич че ми се прави ајдук, че ме претицува еееееј! Сос Руска машина, бате, нема шанси. Каква Русија, Југославија на времето беше закон бре, Русите ни се тресеа като јајца пред рецепција ама времињата се променија, това е шо да се прави.
И тека ти викам, тове сос москвичо почнува да ме претицува, ама ме фата на спање. Не бех се спремал, и таман да ме претица, гледам го на огледалото и мош да си замислите шо му направих. На старто го оставих. Он сос мене че се јаде. Нема шанси.
Тека и еден сос форд, ама него порано го видех и ич не ми ни трепна и мора да се откаже ка виде оти сам си ногу добар шофер. И шо сам му јас крив шо неговие Форд ич не е стабилен по кривините? Мојто Фичо по кривините лита исто кат и по правото, ногу е стабилно. Затова и слабо ме закачаа, оти знаат сос кој си имаа работа.
Мош и да питате некуј за мене оти стварно сите ме знаат и са ме видели. Ногу не са се возили сос мене ама има ногу теквиа шо са ме видели ка воза. А зашо не се возат сос мене, поима немам!




















































